Најава за отворање на конференција на тема „ИКТ како двигател на просперитетна економија“Скопје, 16 мај 2011 Утре 17.05.2011 година (вторник) со почеток во 9:30 часот, министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски, ќе ја отвори конференцијата на тема „ИКТ како двигател на просперитетна економија“ по повод Светскиот ден на телекомуникации и информатичко општество, во хотел Метропол, Охрид.
Конференцијата е организирана од страна на Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии (МАСИТ), во соработка со Агенцијата за електронски комуникации.
Покануваме ваши екипи да го проследат настанот. |