Министерот Иво Ивановски ќе ја отвори „Лан Фест конференцијата“Скопје, 19 мај 2011
Почитувани,
Министерот за информатичко општество и администрација Иво Ивановски, утре 20.05.2011 година (петок) ќе ја отвори „Лан Фест конференција“ која ќе се одржува во сала „Борис Трајковски“ со почеток во 11:00 часот.
Овој настан се одржува првпат во Македонија и претставува сеопфатен собир на ИКТ експерти на локалниот пазар од областа на нови услуги и технологии и има за цел да ја подобри интеракцијата помеѓу ИКТ бизнис секторот, останатиот бизнис сектор и пошироката јавност.
Покануваме Ваши екипи да го проследат настанот. |