С О О П Ш Т Е Н И Е

Ватикан, 22 мај 2011

Почитувани,

 

Министерот за информатичко општество и администрација Иво Ивановски, од денес 22 мај до 24 мај 2011 година е во официјална посета на Ватикан, како член од делегацијата на Република Македонија предводена од Претседателот д-р Ѓорге Иванов на манифестацијата „Македонија во чест на Св. Кирил“ во Рим.

 

Министерот Иво Ивановски и делегацијата ќе присуствуваат на аудиенцијата кај папата Бенедикт XVI, а ќе имаат средба и со државниот секретар на Ватикан, кардиналот Бертоне.