Најава за отворање на нова канцеларија на ИТ компанијата Сивус во Битола

Скопје, 25 мај 2011

Почитувани,

 

Министерот за информатичко општество и администрација Иво Ивановски  денес  25.05.2011 година (среда) во 11 часот во Битола ќе ја отвори новата канцеларија на ИТ компанијата Сивус.

 

ИТ компанијата Сивус го шири својот бизнис  и оваа канцеларија е седма по ред што се отвора. Компанијата е успешна во спроведувањето на разни проекти благодарение на квалитетниот кадар со кој располага, а со отворањето на ваква канцеларија во Битола се овозможуваат и нови вработувања

 

Новата канцеларија се наоѓа на ул. Климент Охридски, ламела 5, кат 2 (комплекс Пелагонка 2), влез од страната на кафе Алур.

 

Покануваме Ваши екипи да го проследат настанот.