Најава за промовирање на уредот за оценување на администрацијата од страна на граѓаните

Скопје, 02 јуни 2011

Почитувани,

 

Утре 03.06.2011 (петок) во 13:30 часот, министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски ќе го промовира уредот за оценување на администрацијата од страна на граѓаните.

 

Воведувањето на овој уред пред шалтерите, има за цел да го оцени задоволството на граѓаните од добиените административни услуги.

Промоцијата ќе се одржи во Центарот за катастар на недвижности (кај Педагошка академија).

 

Покануваме ваши екипи да го проследат настанот.