С О О П Ш Т Е Н И Е

Почитувани,

 

Министерот за информатичко општество и администрација, м–р Иво Ивановски на 6 јуни ќе присуствува на третиот состанок на Комисијата за широкопојасен интернет на Интернационалната телекомуникациска унија (ITU) во Париз под покровителство на Обединетите Нации.

 

На состанокот ќе се разгледува реализациајта на Акциониот План на Комисијата за широкопојасен интернет, ќе биде презентирана Широкопојасната платформа за развој, ќе се дискутира за поставените цели до 2015 година, за широкопојасни бизнис модели, и друго.

 

Комисијата за широкопојасен интернет е формирана во 2010 година со цел проширување на широкопојасниот интернет-пристап во секоја земја како клучен начин да се забрза постигнувањето на Милениумските развојни цели на Обединетите Нации до крајот на 2015 година.

 

Претседател на комисијата е г-динот Карлос Слим, мексикански магнат, а помеѓу комесарите покрај министерот Ивановски се и Сер Ричард Брансон претседател на Вирџин, Пол Отелини претседател на Интел, Цезар Алиента претседател на Телефоника, д-р Винт Серф потпретседател на Гугл, Бен Вервајен претседател на Алкател-Луцент, Џон Чамберс претседател на Циско и други владини претставници ширум светот, релевантни индустрии, меѓународни агенции и организации кои се занимаваат со развој.