С О О П Ш Т Е Н И Е

Министерот за информатичко општество и администрација Иво Ивановски,  утре  9 јуни (четврток) со почеток во 11:00 часот,  ќе ги  додели сертификатите на лицата кои успешно ги положиле тестовите за специјализираните ИТ обуки кои ги спроведуваше едукативниот центар Александрија.

 

Проектот за специјализирани ИТ обуки за невработени лица беше заеднички проект на Министерство за информатичко општество и администрација и Агенцијата за вработување на Република Македонија.

 

Настанот ќе се одржи во едукативниот центар Александрија кој се наоѓа на ул. Атинска бр. 12.

 

Покануваме ваши екипи да го проследат истиот.