С О О П Ш Т Е Н И Е

Скопје, 14 јуни 2011

Министерот за информатичко општество и администрација Иво Ивановски,  утре  15.06.2011 (среда) во 13:30 часот ќе ги промовира обуките за шалтерските работници кои се одржуваат во Клуб на пратеници.

 

Министерството за информатичко општество и администрација во рамките на проектот - Анализа на работниот тек и мерење на учинокот на државните службеници, ги започна предвидените обуки на шалтерските работници од Фондот за пензиско и инвалидско осигурување, Фондот за здравствено осигурување, Управата за јавни приходи, Централниот регистар и Министертвото за внатрешни работи во подрачните единици во Скопје и низ земјата.

 

Покануваме ваши екипи да го проследат настанот.