Најава за промоција на уредот за оценување на администрацијата

Скопје, 05 јули 2011

Почитувани,

 

Утре 06.07.2011 (среда) во 10:30 часот во Фондот за здравствено осигурување министерот Иво Ивановски ќе го промовира уредот за оценување на администрацијата од страна на граѓаните.

Воведувањето на овој уред пред шалтерите, има за цел да го оцени задоволството на граѓаните од добиените административни услуги.

 

Промоцијата ќе се одржи во Фондот за здравствено осигурување – Подрачна единица-Скопје кај Црвен Крст.

 

Покануваме ваши екипи да го проследат настанот.