Најава за прес-конференција

Скопје, 03 август 2011

Почитувани,

 

Денес, 03.08.2011 со почеток во 11:30 часот во просториите на Министерството за информатичко општество и администрација на Република Македонија, министерот за информатичко општество и администрација Иво Ивановски ќе одржи прес-конференција на тема „Воведување на ISO стандарди во Министерството за информатичко општество и администрација“.

 

Покануваме Ваши екипи да го проследат настанот.