Oбраќање на министерот за информатичко општество и администрација Иво Ивановски на отварањето на ФИНКИ

Дали знаете дека, aко сте eден во милион жители во Кина, такви како вас ги има уште 1,300. 

Дали знаете дека, Кина наскоро ќе прерасне во најголемата нација којашто говори англиски јазик.

Дали знаете дека 25% од населението во Индија со највисок коефициент на интелигенција, е поголема од вкупното населени на САД!

 

Дали знаете дека најбараните 10 работни професии во 2010 не постоеја во 2006-тата година.

До 2013 година се шпекулира дека ќе се направи првиот суперкомпјутер којшто ќе ги надмине процесирачките способности на човековиот мозок.

 

Дали знаете дека, додека јас ви се обраќам вам, 694,000 песни илегално се веќе симнати од интернет. А можеби и дел од вас ги имате оставено вашите компјутери да симнуваат песни додека сте тука. :)

Дали знаете која држава има најголем број на корисници на широкопојасен интернет? - БЕРМУДA

Дали знаете која држава има поголем број на Фејсбук корисници од бермуди? МАКЕДОНИЈА!

Македонија има 894,000 Фејсбук корисници. Кога Фејсбук би бил спорт, Македонија би била рангирана на 31-то место во светот. Повеќе од која било друга национална спортска репрезентација, освен нашите херои коишто гордо се борат во Литванија. Со срце на терен! Да им посакаме успех на попладневното полуфинале!!!

Ако сето ова не сте знаеле, НЕМОЈ да се секирате. Сте го избрале правото место да се запишете на ФИНКИ!!!

 

Почитувани бруцоши,

Почитуван декан на ФИНКИ, продекани, професори и асистенти,

Живееме во свет на драстични промени. Денес може да зборуваме за информациска револуција која во радикални размери го менува општеството. Информациската револуција има и ќе има огромни последици кои ние само што почнуваме да ги разбираме - се менуваат локалните економии, се реструктуираат индустриите, се реорганизираат компаниите, се менува пазарот на трудот, комуникацијата е драстично побрза и полесна. Последица од овие промени е и глобализацијата која како појава ги урива ограничувањата на државните граници и границите на локалните пазари.

Томас Фридман Светото е Рамен…и 3.0 Глобализација

1.0

2.0

3.0

Само знаењето може да ви загарантира сигурност во вашето работење.

Количината на новини во техничкиот развој се ДУПЛИРА на секои ДВЕ години. Тоа значи за сите Вас, коишто почнувате 4 годишни студии, половина од она што ќе го изучувате во вашата прва година, ќе биде веќе застарено при крајот на вашата 3-та академска редовна година.

Набараните 10 работни места во 2010 година, не постоеја во 2006-тата година.

 

Предизвикот на академскиот сектор е да ги припреми студентите за работни места коишто сè уште не постојат со постоечката технологија, решавајќи проблеми коишто НЕ знаеме дека ќе бидат предизвици за нашето општество!

 

Индустрискиот свет влегува во фаза на промени коишто имаат влијание речиси на сите аспекти од животот. Новата визија за „општество на иднината“ или т.н. информатичко општество, треба да биде базирано на знаење и иновации. Зборуваме за општество во кое сите граѓани и компании ќе имаат лесен и евтин пристап до информации и знаење преку електронска комуникациска инфраструктура и дигитални технологии. Зборуваме за општество во кое конкурентноста, ефикасноста и ефективноста на компаниите се директно зависни и условени од развојот, напредокот и подготвеноста за искористување на придобивките од информациските и компјутерските науки.

Градење на квалитетен соодветно квалификуван кадар од областа на информатичките науки и компјутерското инженерство е неопходен предуслов за да постигнеме прогресивно движење на македонската индустрија и општеството воопшто кон новото време на економија базирана на информации и знаење.

 

Динамиката на информатичките и компјутерските науки од една страна и нивната застапеност во секоја сфера од секојдневното живеење и делување од друга страна, наметнува потреба за посебна образовна институција која ќе биде современа и фокусирана кон потребите на светскиот, а пред кои се потребите на македонскиот пазар.

Изминатите неколку години, ИТ кадарот се смета како дефицитарен кадар во земјата. Залагањата и иницијативите за надминување на таквата ситуација сега се надополнуваат со отворањето на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство. 

Наставниот кадар и најавената наставна програма на факултетот доволно зборуваат сами по себе за квалитетот на наставата што ја очекуваме од овој факултет, а со тоа и за квалитетот на кадрите кои ќе произлезат и ќе бидат на располагање на пазарот на труд за неколку години.

 

Целта е јасна - создавање конкурентен ИТ кадар во земјата кој ќе се носи со динамиката и прогресивноста на технологиите и ќе се носи со барањата и очекувањата на пазарот.

Ме радува фактот дека Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство веќе има остварено и воспоставено тесна соработка со македонската бизнис заедница затоа што тие се индиректните крајни корисници на услугите на овој факултет.

Ме радува и иницијативата на факултетот за учество и соработка во меѓународни проекти и со меѓународни универзитети затоа што таму се надополнува и споделува искуството потребно за да се насочи развојот во вистинска насока.

 

Искрено се надевам и очекувам многу големи достигнувања и квалитети и од факултетот, и од студентите што е потребно на македонската економија, а и на Владата на Република Македонија како влада што развојот на информатичкото општество го постави како еден од своите стратешки приоритети. 

     

Ако претходната генерација комуницираше преку телеграми и писма, за коишто им беше потребно денови и месеци да стигнат од едно на друго место, денешната генерација комуницира преку СМС пораки и електронска пошта за којашто се потребни само неколку секунди.

 

Ако претходната генерација слушаше радио, денес тоа е заменето со АјПод, МПе3 плејери и телефони со мемориски картички.

Ако претходната генерација гледаше ТВ на уреди со лампа, денес се гледа на екрани со ЛЕД диоди и можност за мобилен уред да се користи како телевизор.

Социјалните мрежи го менуваат начинот на кој живееме. Фејсбук е длабоко навлезен во нашето секојдневие. Македонија е предводник во регионот и пошироко во бројот на Фејсбук корисници. Игрите како што се Мафија, NajtClub City…ви овозможува да направите дискотека по ваш вкус, каде што може да ги поканите вашите пријатели и да се дружите.

 

Social City…ви овозможува да изгради општина според вашите визионерски фантазии.

Mall World.. на сите тинејџерки им овозможува да отворат виртуелен бутик, да дизајнираат облека и истата да ја продаваат.

Farmville… да изградите свој фарма.

MyEmpire… да изградите своја империја.

И за сите оние останати….Texas hold'em Poker. Класика којашто нема да изумре.

Фејсбук има повеќе од 750 милиони корисници. Ако Фејсбук би била држава, би била ТРЕТА најголема држава во светот, после Кина и Индија. Два и пол пати поголема од САД! Се повеќе од своето време го посветуваме во виртуелниот свет, а помалку во реалниот. Тоа се предизвици коишто ги креира модерното време во кое денес живееме. Без технологии не можеме и колку што тие можат да бидат деструктивни или конструктивни во нашиот живот.

 

Денешните паметни телефони претставуваат мултифункционален уреди, на којшто праќаме СМС пораки, електронска пошта, ТВ стрим програми, радио стрим, видео конференција, слики, музички систем, социјалните мрежи и сè што ни е потребно. Мобилните оперативни системи како што се Андроид, Блекбери и Ајфон поставија нови цели за развојот на информатичките и комуникациските технологии.

Со развојот на интернетот, светот секојдневно се менува.

 

Стекнувањето со дипломата нема да ви загарантира работно место. Потребно е да стекнете знаење со коешто активно ќе се вклучите во пазарот на трудот и придонесите за развојот на економијата и општеството во нашата мила татковина Република Македонија. Ви препорачувам максимално да ги искористите ресурсите на Факултетот за што е можно повеќе знаење да апсорбирате во текот на вашето школување.

 

И за крај драги мои… поговорката - What Happens in Vegas, Stays in vegas! - Има нова терминологија и нова пракса.

Што се случило во Вегас, останува на ФЕЈСБУК, останува на YouTube, останува на MySpace, отанува на Hi5, останува на LinkedIn, оsтанува на google+, останува на Фликер, останува на Форскер, останува  на Хабу, останува на МајЛифе, останува на Оркут, останува на Твитер, останува на Ксинг…..останува во облаците на виртуелниот свет во којшто ние живееме, а Вие ќе продолжите да го надградувате!!!

 

Почитувани студенти,

Ви посакувам многу успех, среќа, убав живот и здравје во наредните академски години.

 

Нека ви се бериќетна !!!

Ви благодарам