Најава за обука на шалтерски работнициСкопје, 21 септември 2011 На 21.09.2011 година, со почеток во 13 часот, министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски, ќе ја промовира втората фаза од обуките на шалтерските работници, на тема „Kорисничка ориентираност и комуникација со граѓани“.
Втората фаза на обуките ги опфаќа и шалтерските работници од подрачните единици надвор од Скопје.
Промоцијата ќе се одржи во Хотел Континентал “Сала за доручек”. Покануваме ваши екипи да го проследат настанот. |