Најава за конференцијаСкопје, 28 септември 2011 Министерството за информатичко општество и администрација во рамките на проектот “Поддршка на реформите на јавната администрација” финансиран од британскиот програмски фонд ДИВ организира трета годишна конференција на Мрежата на сектори/одделенија за управување со човечките ресурси во државната служба, на тема „Систем на компетенции во државната служба“.
Конференцијата ќе се одржи на 29 септември 2011 година (четврток) во хотел Холидеј Ин во Скопје, со почеток во 09:00 часот.
Покануваме ваши екипи да го проследат настанот. |