Најава за обраќање на министерот Иво ИвановскиБитола, 30 септември 2011 Почитувани,
Министерот за информатичко општество и администрација Иво Ивановски и aмбасадорот на Велика Британија и Северна Ирска Кристофер Ивон ќе се обратат на обуката за врвното раководство која се одржува во хотелот Епинал во Битола од 30.09-02.10.2011.
Министерството за информатичко општество и администрација во соработка со Британската амбасада и Националната школа за влада на Велика Британија организира обуки за врвното раководство на клучните институции во Република Македонија. На обуката учество земаа државните секретари од сите министерства, како и директорите на државните органи.
Обраќањето на министерот и амбасадорот е предвидено за утре 01.10.2011 во 9:00 часот во хотел Епинал – Битола. Покануваме ваши екипи да го проследат настанот. |