Министерот Иво Ивановски на Министерска конференција во Белград

Скопје, 07 октомври 2011

Денес, 7 октомври 2011 година, министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски е во дводневна посета на Белград заради учество на Регионалната конференција „Услуга, вештини, капацитети - Главни предизвици за градење на модерна јавна администрација“, организирана од Министерството за човечки и малцински права, јавна администрација и локална самоуправа на Република Србија, и од Шведската меѓународна агенција за развој и соработка.

 

Целта на конференцијата е да се промовира соработка помеѓу земјите во регионот на полето на јавната администрација, како и да се усвои министерска декларација како обврска за воспоставување на долгорочна соработка базирана на моделот на мрежата на јавни администрации на Европската Унија. Конференцијата е исто така можност, на министерско и на експертско ниво, да се разменат идеи, искуства, пристап и добри практики во земјите во регионот, како и да се презентираат успешните примери од земјите членки на ЕУ.