Проценка на влијанието на регулативата – РИА и ЕНЕР

Име на проектот: Отстранување на административниот товар преку зголемено учество на граѓаните и фирмите во процесот на предлагање на нови законски акти- Проценка на влијанието на регулативата – РИА и ЕНЕР


Владата на РМ континуирано се залага за подобрување на деловното окружување и поедноставување на процедурите за вршење бизнис, како и поедноставување на административните обврски за граѓаните воопшто. За таа цел во Република Македонија се усвоени неколку механизми кои допринесуваат за исполнување на овие определби.


Исполнувањето на определбата за подобра регулатива започна со воведување на концептот на Регулаторна Гилотина, а набрзо потоа и воведување на задолжителна примена на Проценка на влијание на регулативата. Процесот на донесување закони се зајакнува и во делот на консултации со засегнатите страни, а за таа цел е воспоставен веб порталот ЕНЕР – Единствен Национален Електронски Регистар на прописи (http://ener.gov.mk/).


РИА-та подразбира евалуација на законите во постапка на изработка - пред нивно донесување. Со РИА-та се подобрува ефикасноста и одговорноста на Владата и на Министерствата - предлагачи на законските прописи, преку задолжителни консултации со страните кои се засегнати од регулативата, без разлика дали се работи за субјекти во или надвор од државната администрација.


- Единствен национален електронски регистар на прописи – ЕНЕР


Единствениот електронски регистар на прописи (www.ener.gov.mk) претставува електронски систем кој покрај постојните прописи ги содржи и предлог законите на министерствата во фаза на подготовка. ЕНЕР е функционална алатка и овозможува сите заинтересирани страни електронски да достават коментари и предлози директно до надлежните институции.


Целта на постоењето на ваквиот регистар, е да овозможи, граѓаните, бизнис заедницата и сите останати заинтересирани страни да се запознаат со измените и дополнувањата на Предлог – законите уште во фаза на нивна подготовка (нацрт- верзија), по што со регистрирање на регистарот, се овозможува пристап во зависност од корисничките групи, достапност на Предлог – законите за јавноста.


Статус: во тек