Најава за прес-конференција на тема „Електронска трговија”

Скопје, 16 октомври 2011

Министерот за информатичко општество м–р Иво Ивановски, понеделник 17.10.2011 со почеток во 12:30 чaсот во просториите на Министерството за информатичко општество и администрација ќе одржи прес–конференција.

 

Тема на прес–конференцијата е „Електронската трговија”, поточно проектот „100 електронски продавници за 100 македонски претприемачи“ со кој Владата на Р. Македонија, преку Министерството за информатичко општество и администрација и Министерството за економија, а во насока на акцискиот план за развој на електронската трговија ќе овозможи да се поттикне развојот на малите и средни претпијатија, како и унапредување на извозот.

 

Покануваме Ваши екипи да го проследат настанот.