КОНКУРС за избор на 50 најдобри е-бизнис планови за отворање на електронска продавница

На барање на бизнис заедницата рокот за поднесување на апликациите за конкурсот за избор на 50 најдобри е-бизнис планови за отворање на електронска продавница, се продолжува до 15 јануари 2012 година.

 

Министерство за информатичко општество и администрација ги повикува сите претприемачи кои имаат намера за отпочнување и развој на бизнис во областа на електронската трговија, да конкурираат на овој Конкурс со свои бизнис планови.

 

Најдобрите 50 претприемачи ќе добијат своја веб продавница во времетраење од една година. Во 2013 година ќе бидат избрани нови 50 претприемачи.

 

Право да конкурират имаат:

 

Сите потенцијални е-трговци - физички лица државјани на Република Македонија и правни лица регистрирани за вршење трговска дејност во Централен регистар на Република Македонија.

 

Физичкото лице кое ќе се квалификува за електронска продавница како еден од најдобрите 50 претприемачи е обврзано во рок од три недели по изборот, но пред да се склучи договорот, да регистрира фирма за вршење на трговска дејност, да се регистрира како трговец-поединец  или да се регистрира како занаетчија регистриран во Регистарот на занаетчии во занаетчиските комори, согласно важечките законски прописи на Република Македонија.

 

Услови и критериуми за избор:

 

Изборот на најдобрите 50 бизнис планови ќе го изврши Комисија за избор, составена од по еден претставник на Сојузот на Стопански Комори, Стопанската Комора на Република Македонија, МАСИТ, Северозападната Комора, Занаетчиската Комора на Република Македонија, Министерството за информатичко општество и администрација, Министерството за економија и други експерти. Истата Комисија ќе биде одговорна и за следење на работата на електронските продавници.

 

Бизнис плановите ќе бидат бодувани според следните критериуми:

  • Образложение и практична изводливост на идејата во Бизнис планот;
  • Човечки и материјални ресурси за отпочнување/развој на бизнисот;
  • Обезбеден извор на финансирање за отпочнување/развој на бизнисот, како и механизми за обезбедување на оддржливоста на бизнисот, т.е континуитет во работата;
  • Обезбеден начин на дистрибуција на производ/услуга кои ќе бидат предмет на тргување на е-трговецот (Договор со дистрибутивна фирма, Сопствена дистрибутивна служба или слично);
  • Презентација на бизнис идејата и Бизнис планот;

 

Потребни документи за учество на конкурсот:

  1. Копија од лична карта за физичко лице или Документ за регистрирана дејност за правно лице
  1. Формулар за искажување интерес

    Преземи документ: Формулар за искажување интерес
  1. Бизнис план кој е задолжително подготвен според Образецот за Бизнис план, со сите елементи кои се наоѓаат во истиот.

    Преземи документ: Образец за Бизнис план
  1. Потпишан Модел на Договор

 

Начин на учество на конкурсот:

 

За да конкурирате на Конкурсот потребно е најдоцна до 15.01.2012 да ги доставите потребните документи во архивата на Министерство за информатичко општество и администрација бул. Мито Хаџи-Василев Јасмин бб, 1000 Скопје 2 кат. Бизнис планот задолжително да се достави и во електронска форма на ЦД.

 

Потребните обрасци од точките 2 и 3 (Формуларот за искажување интерес, Образецот за Бизнис план) ќе можете да ги преземете од веб локацијата на Министерство за информатичко општество и администрација, www.mioa.gov.mk, почнувајќи од 20.11.2011 година. Моделот на Договор ќе биде дополнително доставен до апликантите чии бизнис планови ќе бидат избрани меѓу најдобрите 50.

 

Награда:

 

50-те најдобри бизнис планови, Министерство за информатичко општество и администрација ќе ги награди со бесплатна изработка и едногодишно хостирање на електронските продавници.

 

Претприемачите ќе добијат готова продавница, т.е:

  • дизајн на веб страната на продавницата
  • електронски каталог за максимум 50 производи/услуги
  • дефинирање на имињата на производите на македонски и на англиски јазик
  • професионално фотографирање на производите
  • едноставен систем за водење на нарачки (електронска потрошувачка кошничка)
  • модул за калкулирање на цена на поштарина според големина на кутија/тежина/дестинација
  • модул за администрација на веб продавницата кој вклучува систем за рачно внесување на производи со опција за автоматски импорт од Excel или сл.
  • Поврзување со процесор за платежни картички
  • Хостирање во времетраење од 1 година
  • Оптимизација за пребарувачи
  • Можност за промоција преку клик (pay per click)
  • Обука за оптимизација за социјални мрежи
  • Инструкции за методи за промоција на продавници
  • Обука за користење на статистика за надгледување на ефективноста
  • Експертска маркетинг обука за претприемачите за стратегија, методи на промоција, консултации во врска со позиционирање на елементите на веб страната и сл.
  • Политика за заштита на правата

 

По завршувањето на првата година претприемачот ќе треба сам да си продолжи со финансирањето на продавницата.

 

Дополнителна награда:

 

Комисијата која ќе ги одбере најдобрите 50 претприемачки планови ќе ја следи работата на веб продавниците во текот на првата година од нивното работење.

 

Најефикасните 5 веб продавници ќе бидат дополнително наградени со:

  • Бесплатно хостирање во втората година
  • Дополнителен електронски каталог за 50 производи.

 

Контакт лице:

 

Благица Андреева
blagica.andreeva@mioa.gov.mk