Оглас за консултанти за регулаторни реформи во Министерството за информатичко општество и администрација

 

Центарот за управување со промени огласува две позиции за консултанти кои ќе работат во Министерството за информатичко општество и администрација, во рамки на проектот “Регулаторна реформа” поддржан од Британската Амбасада Скопје.

 

Консултантите ќе бидат ангажирани со полно работно време на период од 6 месеци, од јануари 2012 до јуни 2012 година, со можност за продолжување до март 2013 година.

 

Опис на работното место за двете позиции:

  1. Подготовка на анализи на закони од аспект на поедноставување на административните процедури;
  2. Подготовка на предлог мерки за поедноставување на административните процедури;  
  3. Подготовка на економски анализи за проценка на влијанието на регулативите;
  4. Координација со стопанските комори, деловната заедница и други релевантни институции;
  5. Соработка со владините институции во предлозите на мерките за намалување на административните процедури; 
  6. Организација и учество на средби и дебати за регулаторната реформа;
  7. Координација и организација на сите настани поврзани со регулаторната реформа, вклучувајќи и логистички работи;
  8. Подготовка на наративни и финансиски извештаи за проектот.

Кандидатите треба да ги исполнат следниве услови:

  1. Да имаат завршено високо образование од областа на економските науки;
  2. Да имаат најмалку 3 години релевантно работно искуство;
  3. Да имаат одлични аналитички вештини и способности;
  4. Да имаат познавања од областа на стопанското право;
  5. Да се креативни, динамични и отворени за соработка;
  6. Да имаат искуство во областа на проектно работење;
  7. Да имаат одлично познавање на англискиот јазик, комуникациски вештини и работа со компјутер.

Заинтересираните кандидати треба да достават CV со детални квалификации и релевантно професионално искуство; документ за завршено високо образование од областа на економските науки; референци како доказ на претходно искуство во релевантното поле на интерес и сертификати од поминати обуки.

 

Потребните документи да се испратат по е-пошта на neda.m.sacmaroska@mioa.gov.mk не подоцна од 30.12.2011 година. Само кандидатите кои се во потесен избор ќе бидат контактирани за интервју.

 

Повеќе информации за условите и работните задачи се наведени во Повикот за конслутанти за регулаторни реформи во министерството за информатичко општество и администрација.