КОНКУРС за доделување стипендии за студии од втор циклус за академската 2011/2012 година

Скопје, 22 декември 2011

Врз основа на член 4-а од Правилникот за начинот и постапката за финансирање, создавање и усовршување на научно-истражувачки кадри („Службен весник на Република Македонија“ број 82/2009, 28/2010, 137/2010 и 166/2011), Министерството за образование и наука распишува

 

К    О    Н     К    У   Р     С
ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ  СТИПЕНДИИ ЗА СТУДИИ ОД ВТОР ЦИКЛУС  ЗА АКАДЕМСКАТА  2011/2012 ГОДИНА

 

1. Стипендиите за  универзитетски студии од втор циклус ќе се доделат за студенти примени на подружницата на Френклин универзитетот од Охајо, Соединетите  Американски  Држави во Република Македонија и тоа:

  • 15 стипендии за студиите од II (втор) циклус од научното подрачје на општествените науки од областа на бизнис администрацијата (MBA)

 

Кандидатите кои ќе конкурираат треба да ги исполнуваат следните услови:

  • да имаат завршено академски универзитетски студии од прв циклус од соодветното научно подрачје во траење од три, односно четири години и постигнат просечен успех од најмалку 8,50;
  • да се примени на универзитетски студии од втор циклус прв пат во прва година во академската 2011/2012 година;
  • активно  знаење на јазикот на кој се изведува наставата кое кандидатот го докажува со потврда за познавање на јазикот (TOEFEL, IELTS,DELFT или нивен еквивалент за соодветното јазично подрачје), освен за кандидатите кои своето предходно образование го стекнале на јазикот на кој се изведува наставата;
  • да не се корисници на стипендија од други даватели;

                        
ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ:

  • диплома за завршени академски студии од прв циклус и уверение за постигнатиот успех;
  • потврда од високообразовната установа дека кандидатот е примен првпат во прва година на студии од втор циклус во академската 2011/2012 година, од кога започнува семестарот и колку семестри траат студиите;
  • уверение за познавање на  јазик  (TOEFL, IELTS, DELFT);
  • своерачно потпишана изјава дека не е корисник на стипендија за студиите од втор циклус од други даватели (заверена на нотар);

 

2. Изборот на кандидатите се врши врз основа на постигнатиот успех од првиот циклус на студии на кандидатот. При еднаков просечен успех предност ќе се даде на кандидати кои немаат завршено ниту еден циклус на студии надвор од Република Македонија или на подружници на странски универзитети во Република Македонија.

 

3. Документите кои се издаваат од установите од другите земји потребно е да бидат преведени од соодветен овластен судски преведувач.

 

4. Потребните документи за доделување на стипендиите за студиите од втор циклус може да се доставуваат во оригинал или копии заверени на нотар.

 

5. Рокот за пријавување на кандидатите за користење на стипендии за студии од втор циклус е  15  дена од денот на објавувањето на конкурсот.

 

Некомплетните документи и документите доставени по изминатиот рок нема да се примаат.

             
Документите да се достават на адреса:

Министерство за образование и наука
ул.„Мито Хаџивасилев Јасмин” бб              
(Зграда на Нова Македонија 14 кат)
1000 Скопје

              
Информации за условите и критериумите под кои ќе се доделуваат стипендиите можат да се добијат во Министерството за образование и наука или на телефон  (02) 3140-183.