Меѓународен саем за бизнис технологии BizTech Скопје 2012

Скопје, 06 февруари 2012

Марта Арсовска Томовска, заменик министер за информатичко општество и администрација, со свое обраќање го отвори BizTech Скопје 2012, меѓународниот саем за бизнис технологии кој се одржа во Хотелот Александар Палас на 6 и 7 февруари 2012 година.

 

Во рамките на дводневниот саем, се одржа и конференција на која беше презентиран концептот „cloud computing“, како најсовремено бизнис решение, а кое беше претставено од еминентни меѓународни предавачи.

 

Меѓународниот саем за бизнис технологии и првата тематска конференција која на македонската публика ѝ го приближи концептот на  „cloud computing“, се од огромно значење пред сè за бизнис заедницата и нејзино запознавање со предностите на овој светски тренд, посочи заменик министерот.

 

- Република Македонија остварува континуиран прогрес во областа на информатичкото општество. Се реализираат проекти, се стимулира и охрабрува развојот на иновативни производи и услуги. Македонската индустрија и општеството воопшто, активно се придвижуваат кон новите достигнувања од сите области, базирани на информации и знаења. Следејќи ги светските искуства, Владата на Република Македонија преку Министерството за информатичко општество и администрација, веќе работи на реализација на пилот проект кој ќе го евалуира потенцијалот на cloud computing-от – рече во своето излагање заменик министерот Арсовска Томовска.

 

На BizTech учествуваа водечки домашни и меѓународни компании од секторот за информатички технологии кои ги претставија своите најнови производи и услуги наменети за бизнис корисниците.