Отчет на Министерството за информатичко општество за изминатите сто дена

Скопје, 05 ноември 2008

" Во новото информациско и комуникациско доба, лидери ќе бидат тие кои што донесуваат навремени правилни одлуки базирани на суштинско разбирање на новите глобални трендови. Оние кои што нема да одговорат соодветно на новите предизвици, го сносат ризикот да останат во стагнација.

Разбирајќи ја важноста на овие трендови, Владата на Република Македонија го постави натамошниот брз и континуиран развој на информатичкото општество како еден од своите најзначајни стратешки приоритети. Ова директно ќе придонесе за вмрежување на домашната со светската економија.

За да се постигне координиран и систематски пристап во реализацијата на нашите стратешки приоритети, се формираше централно тело за изградба и развој на информатичкото општество, одговорно за промовирање и широка употреба на ИКТ, во функција на побрз економски раст на државата преку приближување на ИКТ до граѓаните, органите на државната управа и бизнс заедницата. Тоа тело е министерството за информатичко општество.


Со цел остварување на визијата- развиено информатичко општество, во согласност со Програмата на Владата на Република Македонија, изминатиот период Министерството за информатичко општество реализираше конкретни иницијативи и мерки:


Компјутер за секој ученик - Средните училишта се веќе комплетно завршени, со комплетно нова комуникациска инфраструктура и компјутери на секоја клупа, пред секој ученик. Поставена е интернет конекција во сите средни училишта со четирикратен побрз пристап до информациите. Во тек е локализација на софтверски алатки на македонски и албански јазик и нивно прилагодување на оперативниот систем EduBuntu, кои што ќе се користат за целите на наставните програми. До денес се завршени инсталациите во 68 ОУ со комуникациска мрежа, а во тек е активноста во повеќе од 200 ОУ.

Завршена е техничката тендерска документација за следната набавка на електронска опрема која што ќе биде потребна за да се пополнат и останатите кабинети во ОУ, коишто не беа опфатени со предходната набавка, како и дополнитела опрема за сите СУ и ОУ со печатари, мултифункционални уреди и ЛЦД проектори.


Бесплатни ИТ-курсеви - Подтикнати од позитивниот ефект во развојот на информатичкото општество со бесплатните обуки кои што се спроведуваа на 22,000 граѓани на РМ во 2007, во изминативе 100 дена се спроведуваат обуките за користење на компјутери за сите заинтересирани граѓани, кои што се пријавија за 2008та година, а таа бројка изнесува 17858. Во некои оштини веќе обуките веќе завршии а во останатите ќе завршат до15 Декември 2008, освен во градот Скопје, каде поради најголемиот број на пријавени, повеќе од 7000, рокот ќе биде пролонгиран. Ваквите обуки ќе продолжат и во 2009 и 2010.

 

Бесплатни Интернет- клубови - Продолжува одвивањето на проектот Светот на дланка. Во рамките на овој проект во 2007 година беа отворени Интернет-клубови во 15 градови во Македонија, со цел на граѓаните на Македонија да им се овозможи бесплатен пристап на светската Интернет-мрежа. Во изминативе 100 дена се донесе одлука во Владата на РМ, во наредниов период да се отворат уште 4 Интернет клубови во Штип, Крушево, Струга и Делчево.

 

Е-dorming – Во изминативе 100 дена уште еднаш успешно се поќажа функционирањето на апликацијата за онлајн аплицирање и добивање на соби во студентските домови како и добивање на стипенди за најдобрите ученици. Овај тренд ќе продолжи и во наредните години, со цел да се воведи максимална транспарентност.

 

Електронски јавни набавки - Еден од позначајните системи кој што е целосно ставен во функција во изминативе 100 дена, со цел да се воведе транспарентност при спроведување на јавните набавки во владините институции, е системот за јавните набавки се спроведуваат по електронски пат. USAID е-Влада проектот, во соработка со Бирото за јавни набавки и МИО, го развија системот за е-Набавки. Системот е лоциран на https://www.e-nabavki.gov.mk и оваа година се користи и од Локалните Власти и од Националната Влада и веќе успешно се спроведија неколку електронски аукции.

 

Владина ИТ-мрежа - Во изминативе 100 дена започна и поставувањеното на ’рбетна комуникациска инфраструктурна мрежа, која што ќе ги поврзува сите министерства во безбедна и интероперабилна околина. Целта со овој проект е да се направи солидна инфраструктура помеѓу сите владини институции. Моментално се работи на овој проект и до крајот на ноември 2008 година ќе се воспостави фибер оптичко поврзување, а средствата што ќе се заштедат, ќе бидат инвестирани во поставување на ВоИП-комуникација, Интранет, ДМС.

 

Формирање на Национален Совет за информатичко општествоИспратени се покани за формирањето на Совет за развој на информатичко општество, во кое ќе учествуваат претставници од јавниот, приватниот, од невладиниот сектор, како и претставници од универзитетите. Советот во основа ќе биде тело за координација и обезбедување на учество на сите чинители во развојот на информатичкото општество преку поддршка на работата на министерот надлежен за развој на информатичкото општество.

 

Воведување плаќање со мобилен телефон - Овој проект им овозможува на граѓаните на РМ да ги плаќаат административните таксени марки за вадење лични документи преку својот мобилен телефон. Следната фаза од проектот ќе овозможи плаќање на сите административни и судски такси во сите јавни институции преку мобилен телефон, интернет или call центри.

 

Систем за управување со документи во сите министерстваВо тек е постапката за јавна набавка DMS софтвер. Снабдувачот ќе биде избран во текот на ноември. Главната цел на проектот е воспоставување на интегриран е-Владин систем за управување со документи и негово позиционирање како е-владин р’бет кој треба да ги вклучи сите релевантни институции и треба да и овозможи на Владата да ги автоматизира работните процеси и да овозможи следење на текот на документација во процесот на нејзино донесување и одобрување.

 

Бизнис процес менаџмент систем - Готов е системот за електронско водење на седницата на Влада, со можност за размена на мислења помеѓу институциите по електронски пат. Системот овозможува автоматизирање на процесот за креирање на наративниот текст на документи уште во почетна фаза на подготовка на материјали за владините седници. Со овие процеси ќе се постигне потполна автоматизација во процесот одржување на седница на Влада и ќе се минимизира можноста за злоупотреба и измена на материјалите што доаѓаат на седница.

 

Интегрирано гранично управување Набавката на софтверско решение е завршена и се работи на развивање и имплементација на истото. Во тек е процесот на избирање на снабдувач на хардвер. Со имплементација на овој проект ќе извршиме поврзување на сите гранични премини во централизиран информациски систем компатибилен со системите на ЕУ. Тоа ќе се овозможи преку воведување едношалтерски систем за увоз и извоз и контрола при единствено застанување (one stop shop) во Македонија.

 

Национални стандардизирани тестови – Во изминативе 100 дена макотрпно работевме и на техничка спецификација за успешно реализирање на проектот за стандардните тестови во образованието кои што ќе започнат наредното полугоди. Станува збор за архитектура и решение, каде што 100,000 корисници во ист момент ќе имаат пристап до овој систем, кој што ќе биде лоциран во министерството за информатичо општество. За ваше информирање, овој систем ќе биде во калибар на СУПЕР компјутер со можностите и капацитетите кој што ќе ги поседува. Еден ваков систем, не постои на балканот а ние ќе го имаме за брзо време, бидејќи тендерот е веќе распишан.

 

Билатерлани Договори - Во работна поесета на Македонија беше и Кристијан Тајтер, главен архитект на Естонскиот Катастар, кој што посвети два работни дена во републичкиот катастар на РМ во Скопје, со цел да се запознае со нашиот катастарски систем, и да советува за следните чекори што ни се потребни. Неговиот ангажман е донација на естонската Влада, како еден од обеќаните проекти за кои што се договоривме со Премиерот на Естонија Андрус Ансип.

Минатата недела во работна посета на Македонија беше и г-ѓа Моника Ојт, главен архитект на Естонската агенција за раководење на регистрите и базите на податоци на сите јавни институции во Естонија, со што го исполна и вториот дел од Естонскиот билатерален договор за 2008. Благодарение на нејзиното присуство, министерство за информатичко општество го започнува и својот нов проект, проект кој што ќе ги поврзи сите регистрите и базите на податоци во државните установи во РМ. Целта на овој проект ќе биде да се елиминираат дупликатите на бази и регистри со кои што поседуваат државните институции, да се воведи интероперабилност и сигурност помеѓи институциите со цел да бидат поефикасни во комуникацијата помеѓу себе И пред се да бидат поефикасни поекспедитивни во вршењето на услугите кон граѓаните на РМ. Наскоро ќе биде формирана работна група, која што ќе треба да изработи и предложи Закон за бази на податоци

 

Почитувани

Ова се дел од проектите на кои што Министерството за информатичко опшество работи за нивно целосно реализирање и интегрирање во државните институции како и за граѓаните на РМ. Работиме и на голем дел од проекти за кои што ќе ве известиме, кога истите ќе бидат во една понапредна фаза на реализација "