Соопштение до медиумите

Скопје, 19 март 2012

 

“Врз основа на СТРАТЕГИЈАТА ЗА РЕФОРМА НА ЈАВНАТА АДМИНИСТРАЦИЈА во Република Македонија (2010-2015 ГОДИНА), а во функција на подобро искористување на човечките ресурси и овозможување на мобилност на вработените во рамките на администрацијата, беа донесени измени и дополнувања на Законот за државните службеници („Службени весник на Република Македонија“ бр. 24/2012) и Законот за јавните службеници („Службен весник на Република Македонија“ бр. 24/2012).

 

Согласно законските измени, вработените во органите и институциите утврдени со Законот за државни службеници и Законот за јавните службеници, имаат можност за мобилност, во постапка утврдена согласно со наведените закони.

 

Министерството за информатичко општество и администрација, поаѓајќи од своите надлежности, на органите и институциите им помага со размена на информациите за утврдената состојба на некој орган или институција од одреден профил на вработен, со цел овозможување на мобилноста. Институциите самостојно одлучуваат по предлозите кои доаѓаат од Министерството за информатичко општество и администрација согласно законските одредби од гореспоменатите закони.