Потпишување договори со наградените учесници на Конкурсот за избор на најдобри бизнис планови за веб-продавница

Скопје, 22 април 2012

 

На 23.04.2012 во 12:30 часот, министерот за информатичко општество и администрација, м–р Иво Ивановски, ќе потпише договори со наградените учесници на Конкурсот за избор на најдобри бизнис планови за веб-продавница.

 

Конкурсот беше спроведен од Министерството за информатичко општество и администрација за избор на најдобри бизнис планови за веб продавница. На Конкурсот аплицираа правни и физички лица од Република Македонија. Најдобрите бизнис планови ќе бидат наградени со бесплатна изработка и едногодишно хостирање на веб-продавница.

 

Настанот ќе се одржи во просториите на Министерството за информатичко општетсво и администрација.

 

Покануваме ваши екипи да го проследат настанот.