Поздравно обраќање на министерот Ивановски

Скопје, 24 април 2012

 

Министерот за информатичко општество и администрација, м-р Иво Ивановски, утре 25 април 2012 година, ќе има поздравно обраќање на церемонијата организирана по повод 33-годишнината од основањето на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола.

 

Настанот ќе се одржи со почеток во 11 часот во хотел Епинал во Битола.

 

Покануваме ваши екипи да го проследат настанот.