Најава за промоција на концептот насловен како „Девојките во технологијата”.

Почитувани,

 

Марта Арсовска-Томовска, заменик министер за информатичко општество и администрација, во соработка Министерството за образование и наука, МАСИТ (Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии) и Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ), за прв пат во Република Македонија ќе го промовира концептот насловен како „Девојките во технологијата”.

 

Иницијативата за кампањата “На технологијата ѝ се потребни девојки” (TECH needs girls) потекнува од Меѓународната телекомуникациска заедница (International Telecommunication Union – ITU) која е специјализирана агенција при Обединетите Нации. Овие две институции минатата година востановија „Меѓународен ден на девојките во ИКТ" (Girls in ICT day), и тоа секој четврти четврток во месец април. По тој повод, на 26-ти април оваа година, за прв пат во Скопје ќе се одбележи Денот на девојките во ИКТ.

 

Активностите во рамките на оваа кампања ќе стимулираат подигање на свеста помеѓу младата популација, особено помеѓу генерациите кои посетуваат средно образование, да го продолжат своето образование на факултетите на кои се изучуваат информатичко - комуникациските технологии. Поттикнувајќи повеќе припаднички на понежниот пол да се запишуваат на ИКТ факултетите, ќе се овозможи рамнотежа на застапеноста помеѓу двата пола, но она што е најважно, ќе се зголеми вкупниот број на работна сила од ИКТ областа во Република Македонија.

 

Ученички од втора и трета година од скопските гимназии ќе добијат прилика поблизу да се запознаат со оваа професија преку посета на 8 македонски ИКТ компании каде жени се наоѓаат на врвни менаџерски позиции. Настанот предвидува и презентација на овој меѓународен ден со пригодна свеченост на ФИНКИ.

 

Во иницијативата се вклучени сто и три жени/девојки, и тоа деведесет девојчиња од средно образование, осум жени ИКТ менаџерки, две професорки по информатика и телекомуникации, директорката на МАСИТ - ИКТ комората, а домаќини се заменик министерката за информатичко општество и администрација и државната секретарка за образование и наука.

 

ТУКА можете да ја видите агендата.

 

Покануваме ваши екипи да го проследат настанот.