Презентацијата на апликацијата насловена како - „Пази Радар“

Скопје, 09 мај 2012

 

Министерот за информатичко општество и администрација, м-р Иво Ивановски и министерката за внатрешни работи м-р Гордана Јанкуловска, утре 09.05.2012 со почеток во 12 часот, во Министерството за внатрешни работи  (сала за состаноци во зграда бр. 1) ќе ја претстават презентацијата на апликацијата наменета за граѓаните корисници на т.н. паметни телефони (Android и iPhone), а насловена како - „Пази Радар“.

 

Апликацијата е изработена од страна на фирмата „Веб Фактори“ а во соработка со министерствата за внатрешни работи и за информатичко општество и администрација.

 

Покануваме ваши екипи да го проследат настанот.