Учество на министерот Ивановски на Светскиот самит за информатичко општество во Женева

Скопје, 14 мај 2012

 

Министерот за информатичко општество и администрација, м–р Иво Ивановски од денес 14 мај 2012 година учествува на Светскиот самит за информатичко општество во Женева, Швајцарија.

 

Согласно агендата на Самитот, денес, министерот Иво Ивановски ќе има свое обраќање, а подоцна ќе учествува на Министерската округла маса на која дискусиите на министрите ќе бидат насочени кон целите на Светскиот самит за информатичко општество за 2015 година.