Промоција на проектот „е-потсетник”

Скопје, 15 мај 2012

 

Министерот за информатичко општество м–р Иво Ивановски, среда 16.05.2012 со почеток во 11:00 часот во просториите на Министерството за информатичко општество и администрација ќе одржи прес­-конференција.

 

Тема на прес–конференцијата е промоција на проектот „е-потсетник”, кој го спроведува Министерството за информатичко општество и администрација во рамки на 5 институции и тоа: Министерство за економија, Агенција за државни патишта, Управа за водење на матични книги, Агенција за вработување на Република Македонија и Агенција за финансиска помош на земјоделието и руралниот развој.

 

Целта на проектот е-потсетник е воведување на систем кој преку СМС пораки или електронска пошта, ќе испраќа известувања - потсетници до граѓаните и фирмите во случаи: на наближување на рокот на важноста на одредени документи, кога бараниот документ е подготвен, при воведување на нови услуги и други слични случаи.