Обраќање на министерот Ивановски на Втората меѓународна регулаторна конференција 2012

Скопје, 17 мај 2012

 

Министерот за информатичко општество и администрација, м-р Иво Ивановски, денес 17 мај 2012 година, по повод Светскиот ден на информатичкото општество ќе се обрати на Втората меѓународна регулаторна конференција 2012 организирана од Агенцијата за електронски комуникации.

 

Конференцијата се одржува од 16-18 мај во хотел Инекс Горица во Охрид. На истата ќе се покренат прашања во врска со најновите технолошки достигнувања во областа на телекомуникациите и информатичкото општество.

 

Согласно агендата на настанот, обраќањето на министерот е предвидено во 10:00 часот.

 

Покануваме ваши екипи да го проследат настанот.