20-та NISPAceе меѓународна конференција

Скопје, 22 мај 2012

 

Утре, среда, 23 мај 2012 година, Марта Арсовска Томовска, заменик министер за информатичко општество и администрација, во хотелот Метропол во Охрид, со почеток во 14 часот, ќе ја отвори 20-тата по ред меѓународна конференција на тема “Public administration East and West: Twenty years of development”.

 

Годишните конференции на NISPAcee (Мрежа на институции и училишта за јавна администрација во Централна и Источна Европа) се фокусираат на значајни теми кои овозможуваат подобро разбирање на клучните прашања во врска со административниот развој и капацитетот за креирање политики во Централна и Источна Европа, како и во Централна Азија. На конференцијата учество ќе земат експерти, научници и претставници од областа на јавната администрација.

 

Конференцијата е во организација на Универзитетот „Св. Климент Охридски” - Битола и Факултетот за администрација и менаџмент на информациски системи и ќе трае до 26 мај 2012 година.

 

Покануваме ваши екипи да го проследат настанот.