Најава за средба на министерот Ивановски со претставници на ИТ фирмите во МакедонијаСкопје, 03 Јуни 2012
Денес 03.06.2012 (недела), министерот за информатичко општество и администрација, м-р Иво Ивановски, ќе има средба со претставници на ИТ фирмите во Македонија. Тема на разговор ќе биде новиот пакет 12 економско-социјални мерки кои ги најави Владата на Република Македонија.
Предвидена е прес-конференција за медиумите во 13:30 часот во Министерството за информатичко општество и администрација.
Покануваме Ваши екипи да го проследат настанот |