Отворање на состанокот на Управниот одбор на проектот SEE Digi.TV

Скопје, 04 Јуни 2012

 

Министерот за информатичко општество и администрација, м-р Иво Ивановски, утре 05 јуни 2012 година, со воведен говор ќе го отвори Состанокот на Управниот одбор на проектот SEE Digi.TV кој го имплементира Советот за радиодифузија, а е финансиран од Делегацијата на Европската унија во Република Македонија преку ИПА фондовите.

 

Проектот SEE Digi.TV опфаќа активности поврзани со процесот на дигитализација на радиодифузната дејност и придружните процеси во земјава.

 

Отворањето на состанокот ќе се одржи во 9:00 часот во хотел Холидеј Ин во сала Милениум 2.

 

Покануваме Ваши екипи да го проследат настанот