Конкурс за бесплатна обука на граѓани за работа со компјутери

Скопје, 04 март 2013

 

Со цел да се излезе во пресрет на потребите на граѓаните за обука за користење на програми за кацелариско работење и користење на интернет, а воедно и за да се обезбеди поголема искористеност на можностите што ги нудат бесплатните интернет клубови во државата, Министерството за информатичко општество и администрација организира бесплатна обука за работа со компјутери.

 

Обуката е поделена на два тематски модули кои може да се посетуваат независно еден од друг, и тоа:

  • МОДУЛ 1: Програми за канцелариско работење (основи на концептот на ИКТ, управување со фајлови, word, excel, power-point), и
  • МОДУЛ 2: Користење на интернет (Веб пребарувач, електронска пошта, Skype, форум и блог).

План за реализација на обуката: Модулите ќе се спроведуваат во 4 одделни сесии, во текот на 4 седмици (Модул 1- еден ден во седмицата и Модул 2- втор ден од седмицата), при што секоја сесија ќе трае 1 час и 30 минути.

 

Обуката ќе се одвива во наредните месеци во текот на 2013 година, во секој од 22-та бесплатни интернет клуба во Република Македонија (Скопје, Битола, Тетово, Охрид, Прилеп, Гостивар, Кичево, Неготино, Куманово, Кочани, Кавадарци, Штип, Свети Николе, Дебар, Радовиш, Гевгелија, Крушево, Македонски Брод,  Демир Капија, Крива Паланка, Кратово и Ресен).

 

Во градовите во кои најмалку 20% од граѓаните се од албанска националност, обуката освен на македонски, ќе се спроведува и на албански јазик.

 

Начин на пријавување:

Министерството ги повикува сите заинтересирани граѓани да се пријават, со доставување на следните податоци:Име и презиме,

  • Дата на раѓање,
  • Адреса на живеење,
  • Телефон за контакт,
  • Назнака за кој интернет клуб е заинтересиран кандидатот.

Заинтересираните кандидати својата пријава можат да ја достават на адреса: Министерство за информатичко општество и администрација, бул. “Св.Кирил и Методиј“ бр.54, 1000 Скопје, со назнака: “Бесплатна обука во интернет клубови”, или да се пријават на телефонскиот број 15-111, секој работен ден до 16:30 часот.

 

Сите граѓани кои ќе пројават интерес, дополнително ќе бидат известени за точниот термин за учество на обуката. Ги молиме граѓаните коишто веќе се пријавиле на обуката, да не се пријавуваат повторно.