Информација за спроведување на обука на тема “Конзистентна примена на Законот за електронско управување“Скопје, 04 април 2013 Министерството за информатичко општество и администрација, информира дека согласно активностите предвидени со Годишната програма за генеричка обука на државните службеници во Република Македонија за 2013 година, организира циклус на обуки за “Конзистентна примена на Законот за електронско управување“.
Обуката има за цел да им обезбеди на државните службеници основно познавање од областа на информатичката технологија. Исто така, ќе опфаќа теми поврзани со суштинските карактеристики на Законот за електронско управување, неговата примена и обврските што произлегуваат од законот. Целна група се државните службеници чија стручна подготовка не е од областа на информатичките технологии, а имаат пристап кон електронски бази на податоци или разменуваат електронски податоци.
Предвидено да се спроведат 4 еднодневни обуки на оваа тема, а втората работилница ќе се одржи: 9 април 2013 година (вторник) во Домот на АРМ, Скопје, со почеток во 09:30 часот. Обуката ќе ја спроведат државни службеници – практичари од Министерството за информатичко општество и администрација.
За сите детални информации, може да се обратите до лицето за контакт во Одделението за обука на администрацијата: Ирена Стамеска, e-mail: irena.stameska@mioa.gov.mk, тел. 3094-237.
Поканети институции за работилницата на9 Април 2013 година:
|























