Информација за спроведена обука за пристапот „Нема погрешна врата“Скопје, 04 април 2013 Министерството за информатичко општество и администрација, согласно активностите предвидени со Годишната програма за генеричка обука на државните службеници во Република Македонија за 2013 година, на 2 Април 2013г. (вторник) во Скопје ја спроведе првата обука на тема “Нема погрешна врата“.
На обуката беше претставен концептот “Нема погрешна врата“ како начин на работење на администрацијата и неговото имплементирање на национално ниво. Овој начин на работење е иновативен и со алтернативен пристап во однос на досегашното работење на службениците. Со него граѓаните ќе бидат задолжително услужени, без разлика дали се обратиле во вистинската канцеларија во институцијата. Исто така, учесниците на обуката беа запознаени и со техники преку кои стручно ќе им се помогне на граѓаните во нивните барања, техники за љубезност и за комуникација на соодветен начин. Истата ја спроведе државен службеник-практичар од Министерството за информатичко општество и администрација.
Целна група на обуката се лицата вработени во секторите и одделенијата за управување со човечки ресурси, во органите на централната и локалната власт, и истите имаат обврска да ја диссеминираат содржината на обуката на вработените во сопствените институции.
На обуката присуствуваа 9 државни службеници, од кои 4 лица од институциите на централната власт и 5 лица од единиците на локалната самуправа.
|























