ИНФОРМАЦИЈА ЗА СПРОВЕДЕНА ОБУКА: „Регистар на државни службеници“

Скопје, 04 април 2013

Ве информираме дека Министерството за информатичко општество и администрација согласно активностите предвидени со Годишната програма за генеричка обука на државните службеници во Република Македонија за 2013 година, на 21 март 2013 година (четврток) во просториите на Клубот на пратеници во Скопје, реализираше обука на тема “Регистар на државни службеници“.

 

На обуката беше претставена и разработена законската регулатива за регистарот на државни службеници и концептот на регистарот, како и Правилниците за форма и содржина на обрасците за евидентирање на податоците за државните службеници. Истата ја спроведе државен службеник-практичар од Министерството за информатичко општество и администрација.

 

Целна група на обуката беа државните службеници вработени во одделенијата за управување со човечки ресурси кои непосредно учествуваат во ажурирање и користење на податоците во/од регистарот на државните службеници; односно, во изготвување на актите за внатрешна организација и систематизација на работните места, изготвување на решенијата за распоредување/вработување на државни службеници и пополнување и достава на ДС обрасци.

 

На обуката присуствуваа вкупно 11 државни службеници, сите од органите на централната власт.