Информација за спроведување на обука на тема „Системот на јавната администрација и државна служба во Република Македонија“Скопје, 04 април 2013 Министерството за информатичко општество и администрација, информира дека согласно Годишната програма за генеричка обука на државните службеници во Република Македонија за 2013 година, организира циклус на обуки на тема “Системот на јавната администрација и државна служба во Република Македонија“.
Обуката опфаќа теми поврзани со суштинските карактеристики на системот на јавна администрација, прашањата за статусот, правата и должностите на државниот службеник според Законот за државни службеници, теми од областа на ЕУ, и слободниот пристап до информации од јавен карактер. Обуката ќе ја спроведат државни службеници – практичари од релевантни институции.
Целна група се стручните државни службеници вработени во текот на 2011 година и има за цел нововработените лица да се запознаат со целокупниот систем на државна служба во Република Македонија.
Предвидено е да се спроведат 5 дводневни обуки на оваа тема, а првата работилница ќе се одржи на: 15 и 16 април 2013 година (понеделник и вторник) во Домот на АРМ, Скопје, со почеток во 09:30 часот.
За сите детални информации, може да се обратите до лицето за контакт во Одделението за обука на администрацијата: Ирена Стамеска, e-mail: irena.stameska@mioa.gov.mk, тел. 3094-237.
Поканети институции за работилницата на 15 и 16 Април 2013 година:
|























