Информација за спроведување на обука на тема „Антикорупциски мерки и етика во државната служба“

Скопје, 04 април 2013

Министерството за информатичко општество и администрација, информира дека согласно Годишната програма за генеричка обука на државните службеници во Република Македонија за 2013 година, организира серија на обуки на тема „Антикорупциски мерки и етика во државната служба.

 

Обуката има за цел да ги унапреди и продлабочи знаењата на државните службеници од областа на спречување и справување со корупцијата во државната служба. Истата ќе покрие материја за имплементација на Законот за спречување на корупцијата, Закон за спречување судир на интереси, Стратешки документи и акциони планови за превенција на корупцијата и судирот на интереси; Имплементирање на меѓународни антикорупциски конвенции и Eтиката во државната служба. Истата ќе ја реализираат државни службеници-практичари од релевантни институции.

 

Целна група се државните службеници чие што работење е тесно поврзано со оваа проблематика.

 

Еднодневната обука ќе се спроведе со 5 групи на државни службеници. Првата работилница е предвидена за: 12. Април 2013 година (петок), со почеток во 09:30 часот, во просториите на Домот на АРМ во Скопје.

 

За сите детални информации, молиме да се обратите до лицето за контакт во Одделението за обука на администрацијата: Ирена Стамеска, тел. 3094-237, e-mail: irena.stameska@mioa.gov.mk

 

Поканети институции за работилницата на 12 Април 2013 година

 

  • Министерство  за внатрешни работи
  • Министерство  за култура
  • Министерство  за труд и социјална политика
  • Секретаријат за европски прашања
  • Секретаријат за законодавство
  • Управа за финансиско разузнавање
  • Агенција за млади и спорт
  • Служба за општи и заеднички работи
  • Министерство  за здравство
  • Министерство  за животна средина и просторно планирање
  • Државен  завод за индустриска сопственост
  • Агенција за администрација
  • Агенција за странски инвестиции и промоција на извозот
  • Биро за јавни набавки
  • Народен правобранител на РМ
  • Државна комисија за жалби по јавни набавки
  • Биро за регионален развој
  • Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој