Информација за спроведување на обука за “Конзистентна примена на законот за јавни набавки’’

Скопје, 04 април 2013

Министерството за информатичко општество и администрација, информира дека, согласно Годишната програма за генеричка обука на државните службеници во Република Македонија за 2013 година, организира циклус на обуки на тема: Конзистентна примена на законот за јавни набавки’’.

 

Обуката има за цел да ги запознае државните службеници со значењето на Законот за јавни набавки, надлежностите на Бирото за јавни набавки, тендерската документација и со практичната примена на електронскиот систем за јавни набавки.

 

Целна група се државни службеници од сите групи на звања, што ќе бидат директно вклучени во постапките за јавни набавки во сопствената институција.

Предвидено е да се спроведат 3 еднодневни обуки на оваа тема, Првата работилница ќе се одржи на 17. Април 2013 година (среда), со почеток во 09:30 часот, во просториите на Дом на АРМ  во Скопје.

        

За сите подетални информации, може да се обратите до лицето за контакт: Лаура Идризи, тел. 02/3094-239, e-mail: laura.idrizi@mioa.gov.mk.