ИНФОРМАЦИЈА ЗА СПРОВЕДЕНА ОБУКА НА ТЕМА “Конзистентна примена на Законот за електронско управување“Скопје, 10 април 2013 Ве информираме дека Министерството за информатичко општество и администрација согласно активностите предвидени со Годишната програма за генеричка обука на државните службеници во Република Македонија за 2013 година, на 3 април 2013 година (среда) во просториите на Домот на АРМ во Скопје, реализираше обука на тема “Конзистентна примена на Законот за електронско управување“.
На обуката беа претставени и разработени теми поврзани со суштинските карактеристики на Законот за електронско управување, неговата примена и обврските што произлегуваат од законот. Истата ја спроведоа државни службеници-практичари од Министерството за информатичко општество и администрација.
Целна група на обуката беа државните службеници чија стручна подготовка не е од областа на информатичките технологии, а имаат пристап кон електронски бази на податоци или разменуваат електронски податоци.
На обуката присуствуваа вкупно 10 државни службеници, сите од органите на централната власт.
|























