ИНФОРМАЦИЈА ЗА СПРОВЕДЕНА ОБУКА НА ТЕМА “Конзистентна примена на Законот за електронско управување“

Скопје, 11 април 2013

Ве информираме дека Министерството за информатичко општество и администрација согласно активностите предвидени со Годишната програма за генеричка обука на државните службеници во Република Македонија за 2013 година, на 9. април 2013 година (вторник) во просториите на Домот на АРМ во Скопје, реализираше обука на тема “Конзистентна примена на Законот за електронско управување“.

 

На обуката беа претставени и разработени теми поврзани со суштинските карактеристики на Законот за електронско управување, неговата примена и обврските што произлегуваат од законот. Истата ја спроведоа државни службеници-практичари од Министерството за информатичко општество и администрација.

 

Целна група на обуката беа државните службеници чија стручна подготовка не е од областа на информатичките технологии, а имаат пристап кон електронски бази на податоци или разменуваат електронски податоци.

 

На обуката присуствуваа вкупно 17 државни службеници, сите од органите на централната власт.