ИНФОРМАЦИЈА ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА ОБУКА НА ТЕМА „Развивање на управувачки способности“

Скопје, 11 април 2013

Министерството за информатичко општество и администрација, информира дека согласно активностите предвидени со Годишната програма за генеричка обука на државните службеници во Република Македонија за 2013 година, организира обука на тема „Развивање на управувачки способности.

 

Обуката има за цел унапредување на знаењата и вештините на државните службеници за различни области на управувањето во државната служба. Истата има однапред утврдена динамика, односно структура од шест тематски модули и тоа: “Вие и Вашиот тим”, “Раководење кон резултати”, “Раководење кон ефикасност”, “Раководење кон квалитет”, “Раководење кон успех” и “Раководење кон промени”. Покрај активното учество во модулите, обуката предвидува и изработка на индивидуален проект. Со него учесниците ќе треба да идентификуваат постоечки проблем во органот каде работат и истиот да го решат со воведување на некаква промена во работењето. Индивидуалниот проект се спроведува во период од 10 недели и завршува со неговата презентација, од страна на учесниците. Обуката ќе ја реализираат државни службеници-практичари од Министерството за информатичко општество и администрација.

 

Предвидено е обуката да ја следат вкупно 25 државни службеници од органите на централната власт. Групата ќе се формира по соодветна селекција на официјално номинираните кандидати, при што ќе се води сметка за застапеноста на половите и заедниците, а предност ќе имаат државни службеници од рангот на раководните звања.

 

Согласно горенаведеното, молиме поканетите институции да достават номинација на едно лице за учество на обуката, најдоцна до 19. Април 2013 г. заедно со целосно пополнет образец за кандидатот кој е доставен како прилог на официјалниот допис испратен до органите.

 

Имајќи го предвид ограничениот број на учесници на обуката, нагласуваме дека конечниот избор на учесниците ќе се изврши врз основа на навремено доставената документација на кандидатите, односно од оние органи што доставиле уредна номинација во рамките на крајниот рок за пријавување. Номинациите доставени после овој рок ќе се сметаат за неуредни.  Како релевантен датум според кој ќе се земе предвид номинацијата, ќе биде датумот кога дописот од органот е заведен во архивата на Министерството за информатичко општество и администрација.

 

За сите детални информации, молиме да се обратите до лицето за контакт во Одделението за обука на администрацијата: Ирена Стамеска, тел. 3094-237, e-mail: irena.stameska@mioa.gov.mk.