ИНФОРМАЦИЈА ЗА СПРОВЕДЕНА ОБУКА ЗА УПРАВУВАЊЕ СО ЧОВЕЧКИ РЕСУРСИ

Скопје, 11 април 2013

Министерството за информатичко општество и администрација, информира дека на 10. април 2013 година ја спроведе првата обука на тема “Управување со човечки ресурси“ од предвидените пет обуки, согласно Годишната програма за генеричка обука на државните службеници во Република Македонија за 2013 година.

 

На обуката беа претставени основните поими од областа на управувањето со човечките ресурси во државната служба, стандардите и упатствата за управување со човечки ресурси. Посебен акцент е ставен на темите: планирање на човечкиот потенцијал, утврдувањето на потребите од обука и стручно усовршување на државните службеници и управувањето со човечки ресурси засновано на компетенции.

 

Целна група на обуката се државните службеници чиишто работни задачи се однесуваат на управувањето со човечки ресурси, во органите на државната управа и единиците на локалната самоуправа.

 

На обуката присуствуваа вкупно 17 државни службеници, од кои 14 лица од институциите на централната власт и 3 лица од локалната власт.