ИНФОРМАЦИЈА ЗА СПРОВЕДЕНА ОБУКА НА ТЕМА „Антикорупциски мерки и етика во државната служба“Скопје, 17 април 2013 Ве информираме дека Министерството за информатичко општество и администрација согласно активностите предвидени со Годишната програма за генеричка обука на државните службеници во Република Македонија за 2013 година, на 12 април 2013 година (петок) во просториите на Домот на АРМ во Скопје, реализираше обука на тема “Антикорупциски мерки и етика во државната служба“.
На обуката беа претставени и разработени Законот за спречување на корупцијат, Законот за спречување судир на интереси, како и Стратешките документи и акциони планови за превенција на корупцијата и судирот на интереси. Понатаму, обуката се фокусира на Имплементирањето на меѓународните антикорупциски конвенции и Eтиката во државната служба. Истата ја реализираа државни службеници- практичари од Државната комисија за спречување на корупција и Агенцијата за администрација.
Целна група на обуката се државни службеници вработени во органите на централната власт чие што работење е тесно поврзано со оваа проблематика.
На обуката присуствуваа вкупно 10 државни службеници од 9 институции на централната власт.
|























