Kонкурс за бесплатна обука на граѓани за изработка и објава на содржини на википедија

Скопје, 23 април 2013

Со цел зголемување на бројот на статии на македонски јазик на Википедија и промовирање на оваа глобална интернет енциклопедија, Министерството за информатичко општество и администрација организира бесплатна обука за изработка и објава на содржини на Википедија. Преку обуката, учесниците ќе се запознаат со значењето на Википедија, но и преку практични примери ќе се обучат како може самите да изработуваат и објавуваат статии.

 

Обуката ќе се реализира во периодот од 20-ти мај до 30-ти јуни 2013 година, во бесплатните интернет клубови, училиштата и факултетите во сите градови во Република Македонија.

 

Начин на пријавување: Сите заинтересирани граѓани година може да се пријават најдоцна до 15-ти мај 2013 година со доставување на следните податоци:

  • Име и презиме,
  • Дата на раѓање,
  • Адреса на живеење,
  • Адреса на електронска пошта,
  • Телефон за контакт,
  • Назнака во кој град ќе земе учество на обуката.

 

Заинтересираните лица може да ја достават својата пријава на wikipedia@mioa.gov.mk или да се пријават усно на телефонскиот број 15-111 (секој работен ден до 16:30 часот).

 

Граѓаните кои ќе се пријават за учество на обуката, дополнително ќе бидат известени за нивниот термин и место на одржување на обуката.