ИЗВЕСТУВАЊЕ

За поднесување барања за првото полагање на стручниот испит за проценувачи од областа Информатичка технологија

Скопје, 02 мај 2013

 

Се повикуваат сите заинтересирани лица кои ги исполнуваат условите за прво полагање на испит за овластен проценувач да поднесат барање за првото полагање на стручниот испит за овластен проценувач од областа на Информатичка технологија.

 

Кандидатите кои имаат интерес за полагање на првиот испит за овластен проценувач од наведената област на процена треба да поднесат Барање до архивата на Министерството за информатичко општество и администрација или по пошта на адреса: Министерство за информатичко општество и администрација ул. Св Кирил и Методиј бр. 54, Скопје.

 

1. Барањето (исклучиво во печатена форма) треба да содржи:

  • Име и презиме на барателот и точна адреса на живеење.
  • Телефон за контакт (домашен, мобилен) и електронска адреса (Е-маил адреса).
  • Уплатница (образец ПП50) за уплатени средства за трошоци на обуката во износ од (5.000,00) денари:
Цел на дознака: Стручен испит за проценувач од областа на информатичка технологија;
Назив и седиште на примачот: Трезорска сметка - Министерство за информатичко општество и администрација;
Банка на примачот: Народна банка на Република Македонија;
Трансакциска сметка на примачот: 1 0 0 0 0 0 0 0 0 0 6 3 0 9 5;
Износ: соодветниот износ на надомест;
Сметка на корисник: 1 7 0 0 1 6 1 1 7 4 6 3 1 1 0;
Приходна шифра и програма: 7 2 4 1 2 5, Програма 20.

 

2. Кон барањето во прилог се доставува:

  • заверено копие од државјанство на Република Македонија,
  • заверено копие од лична карта,
  • доказ за завршено високо образование (диплома за завршено четиригодишно високо образование или диплома со 300 кредити според европскиот кредит-трансфер систем (ЕКТС),
  • заверено копие од сертификат за завршена почетна обука за проценувач од областа на процена за која се пријавува испитот.

3. Корисниците на социјална помош се ослободени од плаќање на трошоците за испит со доставување на потврда за корисник на социјална помош, која не може да биде постара од 15 дена од денот на објавувањето на Известувањето.

 

4. Надоместокот за трошоците за испит за проценувач за лица кои повеќе од шест месеци се невработени, изнесува 1.500 денари, за што е потребно да се достави потврда за невработеност која не може да биде постара од 15 дена од денот на објавување на Известувањето.

 

5. Надоместокот на трошоците за испит за проценувач за лицата кои не се опфатени во точките 3 и 4 на овој оглас изнесува 5.000 денари.

 

6. За точниот датум, време и место на одржувањето на испитот кандидатите ќе бидат известени на нивната е-маил адреса, најдоцна во рок од осум (8) дена пред одржувањето на испитот.

 

7. Краен рок за поднесување на барањето до Министерството за информатичко општество и администрација е 15.05.2013 година.

 

Министерство за информатичко општество и администрација