ИНФОРМАЦИЈА ЗА ОДЛОЖУВАЊЕ НА ОБУКА НА ТЕМА „Антикорупциски мерки и етика во државната служба“Скопје, 10 мај 2013 Ве информираме дека спроведувањето на обуката на тема „Антикорупциски мерки и етика во државната служба“ предвидена да се одржи на 13 мај 2013г. во Домот на АРМ, Скопје, со почеток во 09:30 часот се одложува поради неможност за обезбедување на технички услови за реализација на истата.
Би сакале да нагласиме дека државните службеници од оние органи што доставиле уредна номинација во рамките на крајниот рок за пријавување, ќе бидат земени предвид при одржувањето на обуката во новиот термин, а за што ќе бидат навремено известени.
Министерството за информатичко општество и администрација се извинува за настанатите измени.
|























