ИНФОРМАЦИЈА ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА ОБУКА НА ТЕМА “Системот на јавната администрација и државна служба во Република Македонија“

Скопје, 14 мај 2013

Министерството за информатичко општество и администрација, информира дека согласно активностите предвидени со Годишната програма за генеричка обука на државните службеници во Република Македонија за 2013 година, организира циклус на обуки на тема “Системот на јавната администрација и државна служба во Република Македонија“.

 

Обуката опфаќа теми поврзани со суштинските карактеристики на системот на јавна администрација, прашањата за статусот, правата и должностите на државниот службеник според Законот за државни службеници, теми од областа на ЕУ, и слободниот пристап до информации од јавен карактер. Обуката ќе ја спроведат државни службеници – практичари од релевантни институции. Истата ќе ја спроведат државни службеници-практичари од Министерството за информатичко општество и администрација и Агенцијата за администрација.

 

Целна група се државните службеници со звање: Помлад соработник и Помлад референт вработени во текот на 2012 година и има за цел нововработените лица да се запознаат со целокупниот систем на државна служба во Република Македонија.

 

Предвидено е да се спроведат 5 дводневни обуки на оваа тема, а втората работилница ќе се одржи на: 20 и 21. Мај 2013 година (понеделник и вторник) во Домот на АРМ, Скопје, со почеток во 09:30 часот.

 

За сите детални информации, може да се обратите до лицето за контакт во Одделението за обука на администрацијата: Ирена Стамеска, e-mail: irena.stameska@mioa.gov.mk, тел. 3094-237.

 

Поканети институции за работилницата на 20 и 21. Мај 2013 година:

 

  • Генерален секретаријат на Влада на РМ
  • Секретаријат за законодавство
  • Министерство за внатрешни работи
  • Министерство за транспорт и врски
  • Министерство  за надворешни работи
  • Министерство за образование и наука
  • Управа за хидрометеоролошки работи
  • Министерство за  финансии
  • Државен завод за статистика
  • Собрание  на РМ
  • Агенција за храна и ветеринарство
  • Агенција за администрација
  • Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој
  • Управа за водење на матични книги