ИНФОРМАЦИЈА ЗА СПРОВЕДЕНА ОБУКА НА ТЕМА “Системот на јавната администрација и државна служба во Република Македонија“Скопје, 23 мај 2013 Ве информираме дека Министерството за информатичко општество и администрација согласно активностите предвидени со Годишната програма за генеричка обука на државните службеници во Република Македонија за 2013 година, на 20 и 21 мај 2013 година (понеделник и вторник) во просториите на Домот на АРМ во Скопје, реализираше обука на тема “Системот на јавната администрација и државна служба во Република Македонија“.
На обуката беа претставени и разработени теми поврзани со суштинските карактеристики на системот на јавна администрација, прашањата за статусот, правата и должностите на државниот службеник според Законот за државни службеници, теми од областа на ЕУ, и слободниот пристап до информации од јавен карактер. Истата ја спроведоа државни службеници-практичари од Министерството за информатичко општество и администрација и Агенцијата за администрација.
На обуката присуствуваа вкупно 20 државни службеници од органите на централната власт со звање Помлад соработник и Помлад референт.
Известуваме дека за 2013 година, се предвидени уште три посебни работилници за државните службеници од институциите на централната власт што не беа поканети во овој термин на обуката. За нивното спроведување претстои дополнително известување.
|























